Поседуваме долгогодишно искуство во царинското посредување и застапување на извозници и увозници, правни и физички лица, во сите царински постапки пред царинските и останатите државни органи и институции. Нашите овластени царински застапници, како и напредните системи на работа, ќе Ви помогнат успешно да се движите низ царинските процедури, да ги избегнете дополнителните трошоци и било какви доцнења во реализацијата на Вашите деловни процеси.
Во рамки на царинското посредување и застапување, Ред шпед Ви ги нуди следните услуги:
- Застапување пред царинските органи при сите видови на царински постапки – пуштање на стока во слободен промет, внесување на стока и привремено чување, постапки со економски ефект, транзитна постапка, поедноставени постапки, царински постапки во ТИРЗ, реекспорт на стока, парцијално/сукцесивно царинење;
- Тарифирање на стока;
- Подготовка и обработка на документација за царинење на стока, изработка на увозно-извозни документи;
- Посредување при добивање на увозни и извозни дозволи и уверенија;
- Посредување при изработката на барања за сите видови на прегледи – санитарен, пазарен, ветеринарски, фитопатолошки;
- Организирање на увоз и извоз на стока за физички и правни лица;
- Сместување на стока под царински надзор;
- Царинење на возила – комплетна услуга по принципот “клуч на рака”;
- Застапување во постапката за дополнителна контрола и рекламација на царинските документи.
Нашите вработени имаат широки познавања и искуство во оваа област, и обезбедуваат усогласеност на Вашите царински активности со сите важечки царински и други прописи. На секој клиент му посветуваме должно внимание, и, во согласност со неговите потреби, ги нудиме најдобрите решенија за царинење на стока со остварување на најниски трошоци.
Нашето седиште се наоѓа во Скопје, блиску до царинската испостава Скопје 4, и ги покрива сите царински испостави во Скопје. Исто така, имаме канцеларија и во ТИРЗ Бунарџик, во која ги нудиме сите горенаведени услуги. По потреба, нашите царински агенти Ви стојат на располагање и за време на викендот. На граничните премини Табановце, Богородица и Блаце ги вршиме сите потребни царински и инспекциски процедури врзани за пријавување на стока при влез, излез или транзит низ Република Македонија. 24-часовното работно време на граничните премини овозможува стоката да се проследи до крајните дестинации ефикасно и без непотребно задржување.