Поседуваме и сопствен комплекс за сместување и чување на стока во Илинден , Општина Илинден, кој се простира на површина од 6.370 м2. Во него се сместени јавен царински склад за складирање на стока до пуштање во слободен промет со површина од 2.400 м2, паркинг за лесни и тешки товарни возила, и модерен деловно-административен објект.
Складот е подготвен за сместување на скоро сите видови на стока, а при складирањето овозможуваме врвна услуга на правилно сместување и складирање на стоката и нејзина компјутерска евиденција преку софистициран Систем за управување со склад (Warehouse Management System, WMS). Воедно, овозможуваме организација на испорака на стоката, распоредување и подготовка на стоката за испраќање, пакување и обележување на стоката, палетизација на стоката, подготовка на пропратната царинска документација и застапување во царинската постапка, како и осигурување на стоката за цело време на престој во нашиот склад.
Складот е модерно опремен, поседува 24-часовно физичко обезбедување, целосен видео надзор, противпожарна и противпровална заштита, софистициран систем за заштита од поплави, како и мерење на влажноста и температурата на воздухот на дневно ниво. Отворен е во 2022 година, и е исклучително достапен, со голем маневарски простор и приод за било каков вид на манипулација, како за големи, така и за мали товарни возила од сите типови. Во можност сме на нашите клиенти да им понудиме најповолни услови за складирање на сите видови стока за широка потрошувачка, како и стока која се чува под посебни услови, и да обезбедиме чување на сите пратки во царинскиот склад до пуштање во слободен промет.
Основни податоци за складот:
• Вкупна површина на комплексот: 6.370 м2
• Јавен царински склад –со површина од 2.400 м2
• 800 палетни места за складирање на палети во регален систем и 1.000 м2 површина за приземно складирање
• Преку 500 влезови и излези од складот на дневна основа
• Обезбедени се сите стандарди за врвна безбедност и заштита на стоката
• Работно време на складот: од понеделник до сабота од 08:00 до 16:00. По потреба и договор, можно е складирање и надвор од работното време.