УСЛУГИ

СКЛАДИРАЊЕ

Поседуваме сопствен комплекс за сместување и чување на стока во Ќојлија, Општина Петровец, кој се простира на површина од 12.000 м2. Во него се сместени јавен царински склад за складирање на стока до пуштање во слободен промет (отворен дел со површина од 1.500 м2 и затворен дел со површина од 1.600 м2, чиј капацитет наскоро ќе биде проширен на 4.000 м2), паркинг за лесни и тешки товарни возила, и модерен деловно-административен објект.

Складот е подготвен за сместување на скоро сите видови на стока, а при складирањето овозможуваме врвна услуга на правилно сместување и складирање на стоката и нејзина компјутерска евиденција преку софистициран Систем за управување со склад (Warehouse Management System, WMS). Воедно, овозможуваме организација на испорака на стоката, распоредување и подготовка на стоката за испраќање, пакување и обележување на стоката, палетизација на стоката, подготовка на пропратната царинска документација и застапување во царинската постапка, како и осигурување на стоката за цело време на престој во нашиот склад.

Складот е модерно опремен, поседува 24-часовно физичко обезбедување, целосен видео надзор, противпожарна и противпровална заштита, софистициран систем за заштита од поплави, како и мерење на влажноста и температурата на воздухот на дневно ниво. Отворен е во 2018 година, и е исклучително достапен, со голем маневарски простор и приод за било каков вид на манипулација, како за големи, така и за мали товарни возила од сите типови. Во можност сме на нашите клиенти да им понудиме најповолни услови за складирање на сите видови стока за широка потрошувачка, како и стока која се чува под посебни услови, и да обезбедиме чување на сите пратки во царинскиот склад до пуштање во слободен промет.

Како општествено-одговорна компанија, Ред шпед прави континуирани напори во насока на заштита на животната околина. Па така, во работата на складот се користат исклучиво електрични товарни вилушкари, а отпадот којшто се создава при пакувањето и препакувањето на стоката се рециклира кај специјализирана компанија.

Преку професионалната услуга за складирање, на нашите клиенти им обезбедуваме повеќекратни предности, како што се намалување на трошоците на работењето, можност за фокусирање на основните деловни процеси, обезбедување на поголема пазарна присутност, како и раст на добивката.

За сите прашања поврзани со условите и цените за складирање, можете да нè контактирате преку телефон или електронска пошта, а нашиот љубезен тим ќе Ви ги обезбеди сите потребни информации.

Основни податоци за складот:

  • Вкупна површина на комплексот: 12.000 m2
  • Јавен царински склад – отворен дел со површина од 1.500 м2 и затворен дел со површина од 1.600 м2 (наскоро се очекува проширување на капацитетот на затворениот дел на 4.000 м2)
  • 500 палетни места за складирање на палети во регален систем, и 2.500 м2 површина за приземно складирање
  • Преку 600 влезови и излези од складот на дневна основа
  • Обезбедени се сите стандарди за врвна безбедност и заштита на стоката
  • Работно време на складот: од понеделник до сабота од 08:00 до 16:0 По потреба и договор, можно е складирање и надвор од работното време.