НАШИОТ ТИМ

Почнавме пред повеќе од 10 години, со неколку амбициозни луѓе и скромни средства за работа. Благодарение на вложувањето и стручното оспособување на вработените, унапредувањето на деловните процеси, следењето на современите трендови во логистиката и воведувањето на нови технологии нашата компанија забележи исклучително брз и динамичен раст и развој.

Сепак, нашата сила не е само во континуираниот раст на работењето, туку, пред сѐ, во ентузијазмот, упорноста, стручноста и квалитетот на вработените, и нивното богато искуство стекнато во работењето со голем број на меѓународни и домашни компании. Нашиот искусен и креативен менаџерски тим, со поддршка на високо-професионалниот персонал, ќе Ви овозможи најквалитетна и комплетна услуга.

Нашите вработени, како во шпедитерскиот сектор, така и во секторот за магацинско работење или транспортната служба, ги поседуваат сите неопходни лиценци и дозволи за непречено работење во својата струка. И покрај тоа, во компанијата редовно се организираат обуки за стручно и специјалистичко образование од областа на деловно планирање, деловна комуникација, финансиско работење, продажба и преговарање, за компјутерско работење и странски јазици, кои ги држат најистакнати институти и еминентни предавачи.   

Развојот, остварените резултати, квалитетот на унапредувањето и референците се правата биографија на нашиот тим.

НАШИОТ ТИМ