Се основавме во 1994 година во Скопје, кога тим од професионалци, со повеќе од 35-годишно искуство во меѓународната шпедиција и транспорт, се здружи околу желбата на своите клиенти да им пружи најквалитетна палета на услуги во областа на надворешно-трговското работење. Благодарение на континуираното следење на стопанските движења, дополнителното искуство, и постојаното усовршување и едукација на сите вработени, нашата компанија доживеа исклучително брз раст и развој, и во 2008 година се ребрендиравме во Ред Шпед ДООЕЛ Скопје. Денес, со гордост можеме да кажеме дека Ред шпед е реномирана македонска компанија, специјализирана за услуги во надворешно-трговското посредување, шпедитерско-царинските услуги, транспорт на стока во меѓународниот и домашниот сообраќај, складирање на стока во својот јавен царински склад, како и за дистрибуција на пратки. Исто така, нашиот тим брои 55 високо-стручни професионалци и преку 2500 задоволни клиенти. Партнерството со клиентите, како и ефикасноста, доверливоста и професионалноста во работењето, претставуваат основ и мото на нашата компанија. Тимот на Ред шпед се состои од високо-обучен кадар, кој ужива одлична репутација по прашањето на квалитет, безбедност и сигурност во работењето.

Седиштето на нашата компанија е во Скопје, а мрежата на деловни единици ги опфаќа испоставите на граничните премини Табановце, Богородица и Блаце, како и во ТИРЗ Бунарџик и Меѓународниот аеродром Скопје. На сите останати гранични премини и другите градови во Македонија имаме сигурни соработници и партнери, така што во работите на царинско посредување ја покриваме целата територија на Македонија. Исто така, располагаме со јавен царински склад во Ќојлија, Општина Петровец, на парцела со површина од 12.000 м2, отворен царински склад со површина од 1.500 м2 и затворен царински склад со површина од 1.600 м2, целосно опремен и подготвен за сместување на скоро сите видови на стока, кој наскоро ќе биде проширен на површина од 4.000 м2.

Нашето искуство, расположливите капацитети и целосната посветеност на клиентите нѐ издвојуваат од останатите. Преку пружање на комплетна услуга, во можност сме во најкраток рок да Ви овозможиме сигурни, ефикасни и економски-оптимални решенија, кои ќе ги исполнат сите Ваши барања и ќе Ви помогнат да го унапредите Вашето работење.

НИЕ СМЕ ВАШИОТ ВИСТИНСКИ ИЗБОР ПОРАДИ ТОА ШТО:

  • Со секој клиент градиме правичен и партнерски однос;
  • Ви овозможуваме брза и сигурна услуга, по исклучително конкурентни цени;
  • На располагање сме Ви 24 часа, 7 дена во неделата, мотивирани да одговориме на сите Ваши логистички потреби и да Ви понудиме решенија скроени по Ваша мерка;
  • Присутни сме на најатрактивните локации, што ни овозможува ефикасно извршување на нашите услуги;
  • Ви овозможуваме безбедно складирање на стока во нашиот јавен царински склад;
  • Ви нудиме советување за сите прашања на кои треба да обрнете внимание при увозот или извозот на специфични видови на стоки;
  • Поседуваме стабилен обртен капитал и соодветни банкарски гаранции за сите царински постапки;
  • Во чекор сме со технолошкиот развој – опремени сме со најсовремен возен парк, опрема, компјутерски системи и софтверски решенија;
  • Секој ден учиме, се развиваме и вложуваме во нашата експертиза.

НАШАТА МИСИЈА И ВИЗИЈА

Нашата мисија е да градиме силни партнерски односи со нашите соработници, да вложуваме во усовршување и развој на потенцијалите на нашите вработени и во модернизација на инфраструктурата и опремата, со цел на крајните корисници на нашите услуги да им овозможиме високо-квалитетна и економски исплатлива услуга.

Нашата визија за модерното работење се отсликува во изборот на квалитетен и стручен кадар, користење на стекнатото искуство, употребата на современа опрема и примената на најнови технологии, со цел квалитетно и ефикасно да одговориме на сите потреби на нашите клиенти. Нашите идни планови се ориентирани на интегрирање во европските и светските стопански текови, како и зацврстување на лидерската позиција на пазарот на шпедитерски услуги на поширокиот регион на Балканот и Централна и Југоисточна Европа.

Нашата цел е посветеност на клиентот и неговите потреби, брза услуга без доцнење, и ефикасно, сигурно и квалитетно извршување на работата. Партнерството со големите светски и домашни компании, кои имаат свои деловни единици во Македонија, е гарант за квалитетот на нашите услуги.

НАШИТЕ ВРЕДНОСТИ

Тим – нашиот фокус е на луѓето. Од таа причина, со нашите клиенти, соработници и вработени развиваме стабилен и долгорочен професионален и личен однос, заснован на взаемна доверба и разбирање. Ја цениме тимската работа и соработката, и веруваме дека заедничкиот труд и залагање е клучниот фактор за секој деловен успех.

Квалитет – Флексибилност, љубезност, ефикасност и квалитетот на советите и услугите претставуваат императив на нашата компанија. Сите наши вработени имаат обврска да испорачаат највисок квалитет на професионална услуга.

Иновација – Континуирано размислуваме за иновациите и примената на современи трендови во сите сегменти на нашето работење.

Одговорност – За нас, општествената одговорност значи континуиран придонес кон зачувување на животната средина, учество во хуманитарни акции, како и грижа за клиентите, соработниците и вработените.

ЧЛЕНСТВА ВО АСОЦИЈАЦИИ, СТАНДАРДИ ВО РАБОТЕЊЕТО, НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА

Од 1998 година нашата компанија е редовен член на Меѓународната федерација на шпедитерски здруженија – FIATA, што покрај престижниот статус и можноста да останеме во тек со сите светски движења во областа на шпедицијата и логистиката, ни овозможува да издаваме шпедитерски потврди како гаранција за прифаќање и испраќање на стока: FCR, FCT и FBL, кои се валидни во меѓународното работење. Во 2014 година, со усогласување на работењето со меѓународниот стандард ISO 9001:2008, го воведовме системот за управување со квалитет во дејноста меѓународна и внатрешна шпедиција и складирање, за што го поседуваме сертификатот на IQNet Association. Од 2015 година го имплементиравме системот за управување со квалитет согласно барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015, за што сме сертифицирани од страна на TÜV NORD, една од најзначајните и најреномирани компании во светот за сертификација за квалитет.

Нашата компанија континуирано работи на имплементација и унапредување на сопствениот систем за менаџмент. Политиката на квалитет, етичкото работење, заштитата на животната средина и заштитата на безбедноста и здравјето при работа, претставуваат четирите основни столбови на кои се заснова целокупното наше работење. Воедно, тие претставуваат и основ и гаранција за пружање на ефикасна и квалитетна услуга.

Сепак, најдобар показател за квалитетот, ефикасноста и сигурноста во пружањето на услугите од доменот на внатрешната и меѓународната шпедиција, како и во областа на општествено-одговорното работење, за нас претставуваат големиот број на признанија, повелби и благодарници, коишто сме ги добиле од нашите задоволни партнери, соработници и клиенти.